Вест хем бара нов лидер по Димитри Паје, а менаџерот Славен Билиќ подготвува 30 милиони евра за Дрис Мертенс со цел да го врати клубот во европско натпреварување. „Чеканите“ потфрлија сезонава, не се изборија за местата кои водат во Европа лига, а хрватскиот стратег не сака повеќе од една сезона без европска есен, што значи дека раководството ќе мора широко да го отвори паричникот за да гледаат подобар Вест хем.
30-годишниот Мертенс е во животна форма. За Наполи сезонава постигна 31 гол во сите натпреварувања, од кои 25 се во Серија А, а при тоа асистираше на 14 погодоци. Претседателот Де Лаурентис очекува Мертенс да потпише нов договор со наполитанците, но Белгиецот ќе го направи тоа само ако клубот му вети дека ќе носи засилувања и ќе атакува кон Скудетото. Вест хем не е тим кој се бори за трофеи, но му нуди шанса на белгискиот репрезентативец да заигра во Премиер лигата.
Сепак, тимот од Лондон не е единствениот конкурент од Англија за напаѓачот на Наполи, се споменуваат Челси и Јунајтед како опција, но за нив Мертенс е алтернатива на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА