Вест Хем ремизираше со Њукасл (ВИДЕО)

Вест Хем јунајтед и Њукасл одиграа без победник 1-1 во воведниот натпревар од 26. коло во англиската Премиер-лига.

Домаќините до водство дојдоа во 32. минута со голот на Крег Доусон, додека конечните 1-1 ги постави Џои Вилок во судиското продолжение во првото полувреме.

Во вториот дел спласна темпото, а се чинеше како и двете екипи да се задоволни со бод, па до крајот мируваа мрежите на двајцата голмани. Вест Хем со ова реми останува на петата позиција на првенствената табела со 42 бода, додека Њукасл е 17. со 22 бода и веќе шести натпревар во низа е без пораз.

 

 

 

Се вчитува...