Вест Хем Јунајтед стигна до големо засилување откако ја официјализираше соработката со Џанлука Скамака. Италијанскиот голгетер во Лондон доаѓа од редовите на Сасуоло во трансфер вреден 36 милиони евра кој може да се искачи на 42 милиони евра со бонуси.
Сега Вест Хем кој во следната сезона повторно ќе забележи излез на интернационалната сцена, но овој пат во Конференциската Лига чека потврда за трансферот на српскиот интернационалец Филип Костиќ.
Англичаните се подготвени да му понудат далеку повисока плата од таа која ја заработува во моментот, а единственото нешто што може да го спречи трансферот е амбицијата за настап во Лигата на Шампиони која Ајнтрахт Франкфурт ја заработи со освојување на Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

