Брајтон го совлада Нотингем, а Вест Хем одигра 2-2 на домашен терен со Барнли во денешните натпревари од 28. коло во Премиерлигата.
Иако важеше за голем фаворит, екипата на Вест Хем на домашен терен одигра само 2-2 со Барнли. Гостите беа поблиску до победата, но домашните со гол во судиското надополнување успеаја да извадат бод.
Фофана во 11. минута донесе предност, а потоа автоголот на Мавропанос пред крајот на првиот дел по вторпат ги израдува гостинските играчи. Пакета во 46. минута успеа да намали, за Ингс во 92. минута донесе еден бод за „чеканите“.
Автогол ја донесе победата на вториот меч одигран денеска. Брајтон го совлада Нотингем, а гостинскиот играч Омобамиделе си ја затресе сопствената мрежа во 29. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА