Вест Хем се засили со поранешен дефанзивец на Барселона

Досегашниот дефанзивец на Ница, Жан-Клер Тодибо е нов играч на Вест Хем. И покрај тоа што беше посакуван од некои од големите клубови, сепак, се реши да потпише за „чеканите“. 

Договорот на Тодибо во Вест Хем е едногодишна позајмица со право на откуп. Се шпекулира дека „чеканите“ ќе може да го откупат за 40 милиони евра, со задолжителна клаузула при следна продажба.

Талентот на Тодибо беше забележан од Барселона, која го купи како 20-годишник од Тулуз. Меѓутоа одигра малку за „Каталонците“ па беше испраќан на позајмици во Шалке, Бенфика и Ница, за од 2021 година биде откупен од францускиот клуб.

Се вчитува...