Вест Хем Јунајтед се очекува наскоро да стави потпис со бразилскиот голман Џон Виктор кој во главниот град на Англија ќе пристигне од Ботaфого и тоа за само 10 милиони евра.
Џон Виктор игра одлична сезона во која прими само 10 голови на 16 натпревари во бразилското првенство, а девет пати ја сочува мрежата недопрена па и конкурира за место во бразилската репрезентација и тоа пред голманот на Манчестер Сити, Едерсон.
Дваесетидеветгодишниот Бразилец и англискиот клуб веќе постигнаа договор за соработка, а преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

