Вест Хем со еден гол до огромни три бода

Вест Хем прокнижи значајни бодови на премиерлигашката табела откако „чеканите“ во дербито на дното на ова коло славеа над „фенерџијата“ Саутемптон со 1-0. Како клучен се покажа погодокот на дефанзивецот Агуер по скратениот корнер во првото полувреме, што најпрвин беше поништен, за потоа со ВАР да биде сменета одлуката бидејќи марокснкито фудбалер не се наоѓаше во офсајд.

И двете екипи имаа свои шанси во второто полувреме, но мрежите мируваа, а бодовите останаа во Лондон, одлична вест за Дејвид Мојес, на кого му се закануваше отказ во случај на неуспех на овој натпревар. Гостите на четири минути до крајот ја затресоа гредата од голот на Фабијански, но немаа среќа да стигнат до израмнување.

Вест Хем сега има 27 бода и се искачи на 14. место на табелата, со четири бода предност, но и два меча помалку во однос на последниот Саутемптон.

Се вчитува...