Англискиот премиерлигаш Вест хем е во потрага по нов напаѓач, а раководството на клубот влезе во преговори со контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели, со намера да го врати во Премиер – лигата. Тој е слободен агент по двете години поминати во дресот на францускиот клуб Ница и би можел лесно да се врати на Островот, доколку падне договор меѓу двете страни,
Марио Балотели има искуство во англискиот фудбал, со оглед дека претходно настапуваше за Манчестер сити и за Ливерпул. Одигра повеќе од 70 натпревари во Премиер – лигата и тоа со забележителен успех. Но, правеше и многу „будалштини“ надвор од теренот, кои ја забавија неговата фудбалска кариера.
За Балотели постои интерес и од неколку други клубови од Франција и од Италија, пред се Олимпик Марсеј и Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА