Таткото на американскиот милијардер Илон Маск, Ерол Маск изјави дека неговиот син е заинтересиран да го купи англискиот фудбалски клуб Ливерпул.
Ливерпул е во сопственост на Fenway Sports Group (FSG) од 2010 година.
Во интервју за радиото „Тајмс“, Ерол Маск изјави дека извршниот директор на Тесла е заинтересиран да го купи Ливерпул.
„Да, сака, но не значи дека ќе го купува. Тој сака, и секој би сакал, и јас би сакал. Но, нема да коментирам, затоа што ќе ја кренат цената“, рече Ерол.
Челниците на Ливерпул не сакаа да ја коментираат оваа информација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА