Тајсон Фјури се враќа во рингот, тоа е големата вест што денеска беше официјализирана откако британскиот ветеран реши да го има боксерскиот камбек на 11 април.
Долго време се најавуваше дека Фјури ќе се врати за нова борба за Ентони Џошуа, но по страшната сообраќајна несреќа по која е нејасно дали Џошуа воопшто ќе боксува повторно, Фјури реши да ги одмери силите со Арсланбек Махмудов од Русија.
Борбата е закажана за 11 април и ќе се одржи во Велика Британија, а точната локација ќе биде обелоденета во следните десетина дена.
Големата битка ќе може да се проследи во живо и преку „Нетфликс“, прв спортски настан што ќе биде пренесуван во живо од Велика Британија на оваа платформа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

