Поразот од Панатинаикос во Атина по голема драма на самиот крај на регуларниот дел од Евролигата не е единтвената причина за загриженост кај навивачите на Црвена Звезда.
Сите погледи се насочени кон Коди Милер-Мекинтаер, американскиот кошаркар со бугарски пасош кој во текот на третата четвртина заработи повреда на скочниот зглоб, а и покрај тоа што успеа да го заврши натпреварот, во продолжението од средбата евидентно беше дека тој се соочува со големи проблеми.
Според информациите на „Спорт Клуб“ , сепак не станува збор за потешка повреда па еден од најдобрите кошаркари на „црвено-белите“ во следните неколку денови го очекуваат интензивни терапии со цел да биде дел од плеј-ин натпреварот против Баерн Минхен кој е закажан за во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА