Расел Вестбрук продолжи да испишува историја со неверојатната сезона што ја има асот на Оклахома сити, откако со својот настап против Милвоки (победа од 110-79) стигна до својот 41. трипл-дабл сезонава. Вестбрук го заврши овој меч со 12 поени, 13 скока и 13 асистенции, со што го израмни неверојатниот рекорд на Оскар Робертсон од 41 трипл-дабл во една натпреварувачка сезона (1961/62). Извонредниот бек ќе има можност и целосно да го урне овој рекорд ако се знае дека Оклахома има уште пет натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.
Воедно, со бројките Милвоки Вестбрук стана и првиот кошаркар во историјата кој стигнал до седум трипл-дабл натпревари во низа.
Трипл-дабл на синоќешните натпревари забележа и Леброн Џејмс, кој го предводеше Кливленд до победата над Орландо од 122-102. Кевин Лав беше најефикасен со 28 поени, но Џејмс доминираше на двата дела од теренот, завршувајќи го натпреварот со 18 поени, 11 скокови и 11 асистенции.
Голден стејт ја забележа и својата 12. победа во низа, овојпат на домашен терен против Минесота со 121-107. Клеј Томпсон беше во елемент на оваа средба постигнувајќи 41 поени, додека Стеф Кари го заврши натпреварот со 19 поени и девет асистенции.
Резултати НБА:
Вашингтон – Шарлот 118-111, Кливленд – Орландо 122-102, Филаделфија – Бруклин 118-141, Индијана – Торонто 108-90, Оклахома сити – Милвоки 110-79, Јута – Портланд 106-87, Сан Антонио – Мемфис 95-89 (по прод.), Њу орлеанд – Денвер 131-134, Њујорк – Чикаго 100-91, Сакраменто – Далас 98-87, Голден стејт – Минесота 121-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА