Две големи дербија ја одбележаа вечерта во НБА лигата. Кливленд загуби во дербито од Оклахома, а Хјустон беше подобар од Голден стејт вориорс.
Големото трио на Оклахома го водеше тимот до победата против Леброн Џејмс и екипата со 148-124, а Хјустон славеше против Вориорс со 116-108.
Кливленд не успеа да го запре Пол Џорџ кој одигра одлично постигнувајќи 36 поени, а наспроти себе го имаше „Кралот“ кој остана краток за точката до 30.000 поени во кариерата, затоа што постигна „само“ 18 – му недостасуваа уште 7 за да дојде до 30.000 поени.
Во победничкиот тим на Оклахома, покрај Џорџ со 36 поени, се издвои и Кармело Ентони со 29 поени и Расел Вестбрук кој имаше 23 поени и дури 20 асистенции. На спротивната страна, Ајзеа Томас постигна 24 поени.
Џејмс Харден, пак, се врати по повредата и не го пронајде веднаш својот вообичаен ритам против актуелниот шампион на НБА. Но, затоа Крис Пол го „тероризираше“ Голден стејт со 33 поени. „Брадата“ сепак го постигна еден од одлучавчките поени на мечот, на крајот завршувајќи со 22 поени.
Кевин Дурант беше најефикасен кај Голден стејт со 26 поени, а Грин дополни со 21 поен додека Кари постигна 19 поени.
Минесота славеше против Торонто со 115-109. Вигинс беше најдобар кај победникот со 29 поени, додека кај Торонто брилјираше Кајл Лаури со рекордот на сезоната од 40 постигнати поени.
Минесота сега е четврта на Западот зад Голден стејт, Хјустон и Сан Антонио.
Јута славеше против ЛА Клиперс со 123-115, а во неизвесен меч Мајами победи на гостувањето против Шарлот со 105-106. Портланд славеше против Далас со 117-108.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА