Расел Вестбрук стигна и до 23-от свој „трипл-дабл“ сезонава продолжувајќи со феноменалните партии, а Кливленд, пак, продолжува со резултатската криза во која западна.
Оклахома на гостински терен славеше против Њу Орлеанс со 114-105, во мечот во кој Вестбрук за неполни 36 минути на паркет постигна 27 поени, дополнети и со 12 скока и 10 асистенции. Вестбрук, на тој начин, стигна и до 60-от „трипл-дабл“ во кариерата.
НБА шампионот Кливленд, пак, е во резултатска криза. Синоќа на домашен терен, по продолжение, загубија од Сакраменто со 116-112, што е за нив трет пораз во низа. Ниту Леброн Џејмс со својот „трипл-дабл“ од 24 поени, 13 скока и 11 асистенции, не можеше да им помогне да дојдат до триумф.
ДеМаркус Казинс го предводеше Сакраменто со 28 поени и 11 скок, но со катастрофален шут од игра од 11-30. Казинс погоди слободни фрлања за продолжение и беше на крајот клучен човек за победата.
Првиот тим на Западот, Голден стејт со фантастична игра во последниот период дојде до победа над Шарлот од 113-103. Незапирливи беа Кевин Дурант со 33 поени и Стеф Кари со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА