Вестбрук сам го „растури“ Портланд: 42 поени за ѕвездата на Оклахома

Во сенка на „Супербоул“ спектаклот во САД, синоќа беа одиграни три натпревари од НБА лигата.

Оклахома славеше против Портланд со 105-99 на свој терен за 30-та победа сезонава, а најзаслужен за новото славје беше кој друг ако не Расел Вестбрук со своите 42 поени, дополнети и со 8 асистенции и четири скока. Дури 19 поени Вестбрук уфрли во последната четвртина, вклучувајќи ја и тројката која на самиот крај ја запечати победата.

Голема помош Вестбрук имаше во Виктор Оладипу кој постигна 24 поени, а имаше и 13 скока, додека Андре Робертсон постигна 14 поени, дополнети и со 11 скока. Кај поразените, традиционално најдобри беа Дамиен Лилард со 29 поени и МекКалум со 19 поени.

На останатите два меча Торонто славеше на гостувањето против Бруклин со 105-93, додека Бостон беше подобар од ЛА Клиперс со 107-102.

Се вчитува...