Вестбрук станува малцински сопственик на Лидс

Играчот на ЛА Клиперс, Расел Вестбрук, објави дека купил акции во инвестициската групација 49ers, која е во процес на купување на англискиот клуб Лидс Јунајтед.

Вестбрук со купувањето на акциите, им се приклучи на американските голфери Џордан Спејт и Џастин Томас, кои исто така купуваат акции од оваа компанија.

Групацијата исто така е инвестициска рака на фудбалскиот клуб Сан Франциско 49ers, поседува уддел во Лидс од 2018 година, а сега преговараат за откуп на мнозинскиот пакет на акции.

Се вчитува...