„Вестфален“, „Енфилд“, „Селтик парк“ и „Неф“ во Истанбул – стадиони со најжестока атмосфера во Европа

Реномираниот „Гол“ се одлучи да подготви ранк листа од 15 стадиони со најжестока навивачка атмосфера во Европа. Од нив единствени стадиони од Балканот се легендарната „Маракана“ на Црвена Звезда која е на шестото место, и „Тумба“ на ПАОК од Солун кој е на 13. место.

Стадион со најдобра атмосфера во Европа е стадионот на Борусија Дортмунд – „Сигнал Идуна парк“ или легендарниот „Вестфален“ најмногу поради неговиот „Жолт ѕид“, трибина која прима 25.000 гледачи. Стадионот, инаку, на дуелите од Бундеслигата прима 81.000 навивач.

На второто место на листата е „Селтик Парк“ во Шкотска, а потоа следи „Неф стадионот“ на Галатасарај во Истанбул, како и единствениот англиски стадион на листата „Енфилд“ во Ливерпул. На петтото место е „Водафон парк“, стадионот на Бешикташ во Истанбул, а потоа на шестото место е белградска „Маракана“.

Потоа следат „Велодром“ во Марсеј, „Олимпико“ во Рим, „Рамон Санчез Пискуан“ во Севилја, а на 10. место е стадионот „Диего Марадона“ во Неапол.

Милански „Сан Сиро“ на кој вечерва се игра полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Милан и Интер е на 12. место, а после него се ушта „Тумба“, стадионот на ПАОК во Солун, „Метрополитано“ на Атлетико Мадрид и „Валдстадион“ на Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...