Портуалскиот интернационалец и еден од најдобрите играчи на Милан во моментов, Рафаел Леао најверојатно ќе го пропушти првиот меч со Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите. Леао заработи повреда на мечот со Лацио, и предвреме ја напушти средбата.
Иако се чинеше дека повредата не е сериозна, сепак, прегледите утрово покажаа дека има повреда на адукторот, поради која најверојатно ќе го пропушти мечот со Интер, а на терените ќе се врати дури за две недели.
Ова е лоша вест за Милан, кој го чекаат важни мечеви во Лигата на шампионите, како и битка за пласман на едно од местата кои носат пласман во „елитата“ во Италија, доколку не успее да го освои трофејот во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА