Фудбалерот за врска на италијанскиот великан Јувентус, Вестон Мекини одлучи да стави потпис на продолжување на договорот со „старата дама“ до 2030 година.
Продолжувањето на договорот е заслужено благодарение на многуте врвни настапи на американскиот играч од средниот ред, кој пристигна во Торино од Шалке 04 во август 2020 година, и тој сè повеќе станува клучен играч за „бјанконерите“.
Во натпреварот од Купот на Италија против Удинезе минатиот декември, тој ја надмина бројката од 200 настапи за Јувентус, во кои постигна 26 гола и 26 асистенции.
„Играч различен од кој било друг, разновиден и способен да заземе буквално секоја позиција на теренот. Како што беше демонстрирано во последните месеци во кои, почнувајќи како централен играч од средниот ред, тој можеше да игра многу добро како напаѓач, офанзивен играч од средниот ред, крило, бек, па дури и како дефанзивец“, стои во соопштението на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

