Ветеранот Лаури ја продолжи верноста кон Филаделфија

Искусниот кошаркарски ветеран Кајл Лаури и во новата сезона ќе биде дел од Филаделфија со која потпиша нов едногодишен договор давајќи му предноста на клубот од родниот крај и покрај останатите понуда од франшизите кои и самите ќе претендираат за највисок пласман следната сезона.

Лаури претходната сезона имаше подредена улога во оваа франшиза првично започнувајќи ги натпреварите од клупата. Настапи на 23 средби за Филаделфија на кои забележа просек од осум поени и 4.6 асистенции.

Филаделфија во новата сезона влегува со шампионски амбиции по ангажманот на Пол Џорџ кој заедно со Џоел Ембид треба да направи пеколно дуо за враќање на титулата во Филаделфија по 1983 година.

Се вчитува...