Екипата на Милан добро се намачи да дојде до победа над последнопласираниот тим на Пиза, со гол дури во 85. минута на ветеранот Лука Модриќ. „Росонерите“ во текот на мечот промашија и пенал кој го промаши Филкруг.
Добро тргнаа гостите, и преку Лофтус-Чик во 39. минута дојдоа до предност, и се чинеше дека ќе стигнат лесно до триумф. Филкруг пропушти можност од белата точка да донесе 2-0.
Казната стигна на другата страна кога во 71. минута Лојола успеа да ја затресе мрежата на Мањон, и да донесе израмнување.
За да се избегне кикс, и Милан да остане во игра за титулата, се погрижи Лука Модриќ кој во 85. минута го матираше домашниот чувар на мрежата, и донесе триумф на гостинскиот тим.
Милан 20 меча е без пораз во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

