Хуан Карлос Наваро ја заврши својата репрезентативна кариера, но искусниот кошаркар се уште не размислува за пензија. Доказ за тоа е и новиот договор потпишан денеска, кој е со важност од дури десет години.
Раководството на Барселона на овој начин сака да покаже дека се грижи за своите легенди, првата година од договорот се однесува на играчката кариера, а следното лето ќе се седне за повторно да се разговара дали Наваро ќе продолжи како кошаркар или ќе замине во управата на каталонскиот гигант.
Најпрвин, Наваро сезонава на теренот ќе одбележи 20-годишнина од своето деби во дресот на Барселона, период во кој извонредниот шутер освои се што можеше да се освои со каталонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА