Ветеранот останува во Лондон: Челси и Тиаго Силва ја продолжуваат соработката на уште една сезона

Челси не се откува од својот ветеран, па одлучи и официјално да го потврди продолжувањето на договорот со дефанзивецот Тиаго Силва. Според новиот договор, Бразилецот ќе остане во Лондон до крајот на идната сезона, 2022/2023.

37-годишниот Бразилец има актуелен договор кој истекува на крајот од оваа сезона.

„Вистинско задоволство е да се игра за Челси. Никогаш не мислев дека ќе играм три години во овој прекрасен клуб, па затоа ми е многу мило што останам уште една сезона. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, клубот и г-дин Абрамович за оваа можност. Ќе продолжам да давам се за овој клуб и за навивачите кои секогаш беа покрај мене откако дојдов“, изјавил Силва за обновувањето на договорот.

Се вчитува...