Доминик Париз е изненадувачкиот победник на денешната спуст трка што се возеше во италијанскиот ски-центар Вал Гардена, каде Париз на 34-годишна возраст конечно успеа да стигне до првата победа.
Италијанскиот ветеран имаше неколку одлични победи на спуст-трките низ кариерата, но никогаш не успеваше да стигне до триумф на „домашната трка“ во Вал Гардеа. Таа црна серија конечно беше прекината денеска, откако Париз извозе извонредно, со време од 1:59,84 минути.
Тој беше единствениот што ја мина делницата за помалку од две минути, втор беше Килде од Норвешка со 44 стотинки послабо време од победникот, додека третото место му припадна на американскиот скијач Брајс Бенет, со 60 стотинки заостанување зад Париз.
Скијачката сезона во машка конкуренција ќе продолжи со две велеслаломски трки во Алта Бадија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА