Контроверзниот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ конечно ќе биде во конкуренција за настап и тоа на дуелот со Лацио во рамки на Серија А, откако по подолга пауза беше надвор од зелените терени.
Швеѓанецот се опорави од операцијата на коленото и можно е тренерот Стефано Пиоли да му даде минутажа на „Сан Сиро“, но во почетниот состав се очекува да биде Анте Ребиќ, кој ќе го предводи нападот на италијанскиот вицешампион, додека Ибра се очекува да влезе во второто полувреме.
Инаку, „росонерите“ вечерва нема да можат да сметаат на Оливие Жиру, кој иако имаше негативен ковид-тест сепак не тренираше со тимот цела недела, па Пиоли одлучи да не го повика за овој натпревар.
The squad for #MilanLazio ⚔️
I convocati per la sfida contro la Lazio ⚔️ #SempreMilan
Brought to you by @oppo— AC Milan (@acmilan) September 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА