Вети дека ќе трча гол ако Вајгл дојде во Бенфика, па сега… (видео)

Кога се појавија првите шпекулации дека Џулијан Вајгл би можел да ја напушти Борусија Дортмунд за да се пресели во Бенфика, еден португалски навивач на твитер-профилот на Германецот даде „свечено ветување“ – ако тоа се случи тој ќе трча гол еден километар низ улиците на Лисабон.

Една седмица подоцна Вајгл навистина потпиша договор со Бенфика, а навивачот не само што го исполни ветувањето, туку и сними видео од својот нудистички настап, само со шал на Бенфика околу својот врат.

„Моето име е Дуарте Мендез и како што знаете, на 17 декември напишав дека ќе трчам гол ако Вајгл дојде во Бенфика. Денеска сум овде за да го исполнам ветувањето. Бог простува, но Џулијан не“ – изјави навивачот на Бенфика пред да ја истрча километарската патека.

Видеото од трчањето на разголениот навивач на Бенфика можете да го погледнете ОВДЕ .

Се вчитува...