Вети дека нема да игра во руски клуб како би играл за Франција, па потпиша за Зенит

Голем скандал ја тресе француската кошаркарска репрезентација откако Томас Ертел денеска и официјално е промовиран за нов кошаркар на рускиот клуб Зенит.

Поради инвазијата на Русија над Украина сите кошаркари на Франција беа обврзани да потпишат дека нема да потпишат за клуб од руското првенство ако сакаат да играат за репрезентацијата.

Ертел уште пред шампионатот се поврзуваше со трансфер во Русија, но на крајот тој сепак не замина таму пред Евробаскетот. Само два дена по завршувањето на ЕП на кое Франција го освои сребрениот медал, бекот одлучи да потпише договор со Зенит и со тоа да го поништи целиот договор кој го склучил со федерацијата пред стартот на континенталниот собир.

Ова не е прв скандалозен потег на Ертел кој минатата сезона премина од редовите на Барселона во Реал Мадрид.

 

Се вчитува...