Везенков претставен во Торонто, Олимпијакос се надева на отказ

Бугарскиот кошаркарски репрезентативец Саша Вензенков доби нов клуб во НБА лигата откако официјално беше претставен како нов кошаркар на Торонто Рапторс. Во кандаскиот тим тој пристигнува по сезона помината во Сакраменто каде не доби шанса да ги претстави своите таленти преку кои го освои МВП признанието во Евролигата.

А, дали ќе добие и шанса за натпреварување во Торонто или пак ова лето ќе се врати во Европа останува отворено прашање. Бугаринот цели кон останување во Соединетите американски држави, но доколку не добиe шанса во тимот предводен од српскиот тренер Дарко Рајаковиќ тогаш изгледно е дека ќе се врати назад во Олимпијакос.


И самиот грчки тим посакува негов камбек во Пиреја каде со голем успех настапуваше од 2018 до 2023 година.

Се вчитува...