Везенков се сели во НБА, ќе игра за Сакраменто

Досегашниот член на Олимпијакос, и МВП на завршената сезона во Евролигата Александар Саша Везенков, се пресели во НБА Лигата и ќе игра за Сакраменто Кингс. Бугарскиот крилен центар во минатото настапуваше и за Барселона и Арис Солун.

Везенков во минатото беше одбран како 57-ми пик на драфтот од Бруклин, но ова ќе му биде прва сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

Договорот на Везенков со Сакраменто е на три години, и во тој период кошаркарот треба да заработи 20 милиони долари.

Се вчитува...