Везенков со меч за паметење – држеше час за кошарка против Баерн

Олимпијакос вечерва го демолираше Баерн Минхен со преубедливи 112-69, меч што ќе остане запаметен по неверојатното издание на Саша Везенков. Бугарскиот интернационалец го одигра најдобриот меч во својата евролигашка кариера, стигнувајќи до неверојатни 52 индексни поени.

Олимпијакос уште во првата четвртина имаше двојно повеќе поени од гостите од Германија (28-14), а како што минуваше времето, така и предноста на „црвено-белите“ од Атина се зголемуваше. Најимпресивно делуваа последните десет минути, кога грчкиот гигант предводен од Везенков ја доби завршната четвртина со 34-12.

Везенков го заврши натпреварот со фантастични 45 поени (8/10 за тројка, 10/10 за два поени), надополнети со седум скокови, а интересно е што тренерот Барцокас реши да го повлече Бугаринот од игра на повеќе од две минути до крајот, иако тој имаше можност да го стигне рекордот на Хејс-Дејвис од 50 постигнати поени на еден евролигашки натпревар.

Се вчитува...