Вида доби аплаузи на „Максимир“ неговите соиграчи исвиркани

Динамо и АЕК на „Максимир“ го играат првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тоа требаше да се случи минатата недела, но убиството на навивачот на АЕК Михалис Кацурис ја принуди УЕФА да го одложи натпреварот во Грција.

Навивачите на АЕК не смеат на „Максимир“, а играчите на АЕК се под силна полициска заштита.

Први на загревање пред натпреварот излегоа фудбалерите на АЕК, а од трибините на „Максимир“ беа придружени со гласни свирежи, со исклучок на поранешниот хрватски репрезентативец Домагој Вида, кој доби аплауз. Вида беше играч на Динамо од 2011 до 2013 година, а во кариерата покрај за хрватскиот и грчкиот шампион настапуваше и за Осиек, Баер Леверкузен, Динамо Киев и Бешикташ.

Се вчитува...