Познатиот холандски спортски коментатор Серд де Фос во ноември 2021 година, пред почетокот на натпреварот Бешикташ – Ајакс (1-2) во Лигата на шампионите, на неверојатен начин го навреди Хрватот Домагој Вида.
Вида беше капитен на Бешикташ, па камерата го зумира во центарот при размената на знамињата со колегата Душан Тадиќ од спротивната страна.
Тогаш Де Фос пред натпреварот изјави:
„Вида нормално не смее да го игра овој термин бидејќи е премногу грд, а сега децата гледаат телевизија. Поради тоа Бешикташ мораше да плати и да бара посебна дозвола за настап на Вида“, изјави Де Фос.
Навредата на Де Фос кон Вида предизвика големо внимание и тоа не само во Холандија и Хрватска. Вида го тужеше Де Фос за навредата, барајќи извинување и отштета од пет илјади евра.
Холанѓанецот пред судот се бранеше дека само ја остварува слободата на говорот. Судот пресуди во корист на Вида.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

