Видал бесен на Конте: Зошто секогаш мене…?

Артуро Видал е познат по незгодниот темперамент, а чилеанскиот ас влезе во конфликт со тренерот Антонио Конте по одлуката да биде повлечен од игра во второто полувреме од синоќешното полуфинале со Јувентус.

Големиот борец во 72. минута мораше да му го отстапи своето место на Ериксен, но при напуштањето на теренот не пропушти да го искаже своето незадоволство кон тренерот.

„Зошто секогаш 22… Зошто секогаш мене…“, викаше Видал кон Конте, алудирајќи на одлуките на стратегот на Интер при промените во средниот ред секогаш Чилеанецот да биде оној што прв ќе го напушти теренот.

Видал доби жолт картон во првото полувреме за еден старт врз Роналдо, поради што овој фудбалер ќе го пропушти реваншот од полуфиналето со Јуве, на 9. февруари во Торино.

Се вчитува...