Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал на интересен начин направи анализа на првото коло во Лигата на шампионите.
Милан и Њукасл ремизираа 0-0. Росонерите имаа 25 удари кон противничкиот гол, девет во рамките на голот, но не можеа да ја затресат мрежата.
„Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној меѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милано ми предизвикаа болка. Имаат среќа, се што знаат е да трчаат. Не би биле ни во Лигата на шампионите да не е така. Њукасл ме згрозува. Не ги сфаќам. Тие беа четврти во Премиелигата и мораа да ги стават своите животи на коцка на овој натпревар. Ме налутија. Сити беа досадни, како и секогаш. Ми се допадна второто полувреме помеѓу ПСЖ и Борусија, во првото заспав“, изјави Видал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

