Чилеанските власти ги истражуваат наводите за сексуален напад во кој биле вклучени некои фудбалери од клубот Коло Коло и поранешниот репрезентативец Артуро Видал. Обвинителството во Сантијаго соопшти дека наводниот инцидент се случил во бар во луксузна населба во главниот град на Чиле.
Една жена тврдела дека фудбалерите ја дрогирале и сексуално ја нападнале нејзината сестра. Локален полицаец им рекол на новинарите дека Видал бил одведен во полициската станица во Витакура на истражна проверка на идентитетот, што е стандардна процедура за осомничените за криминал.
Видал, кој беше пуштен по испитувањето, не го коментираше инцидентот. Полицијата соопшти дека низ слични постапки поминале и други фудбалери кои сведочеле за инцидентот.
Во понеделникот судот во Сантијаго го ослободи поранешниот репрезентативец на Чиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА