Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал е на излезна врата од германскиот првак Баерн Минхен. Одличниот играч за врска падна во втор план кај новиот тренер на баварскиот тим, Јуп Хејнкес, па размислува да си замине од „Алијанд арена“ уште во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми најавуваат дека Видал е на чекор до Интер. Раководството на „нероаѕурите“ сака да го засили својот состав во јануари, со оглед дека Интер има одличен почеток на сезоната во Серија А, а тренерот Лучијано Спалети бара да се зголеми конкуренцијата во сите линии од тимот. Сезоната е долга, а амбициите на Интер се по подолго време да се врати во Лигата на шампионите.
По неуспехот со селекцијата на Чиле за пласман на СП во Русија, Артуро Видал се повлече од националниот тим и најави дека во иднина ќе се фокусира само на клупската кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА