Видал се врати дома, за да ја заврши кариерата таму каде што ја започна

Артуро Видал во својата блескава кариера настапуваше за дел од најсилните клубови во Европа, но чилеанскиот ветеран на 36-годишна возраст реши да се врати назад во татковината и да ја заврши кариерата онаму каде што ја започан.

Легендарниот клуб Коло Коло ќе биде новата дестинација во кариерата на Видал, кој синоќа беше и официјално промовиран како големо засилување за оваа екипа. Артуро Видал во 2005 година ја почна својата професионална кариера токму во Коло Коло, така што овој трансфер претставува „затворање на кругот“ пред ветеранот да му каже збогум на фудбалот.

„Се враќам дома и пресреќен сум. Коло Коло е мојот клуб, ќе сторам се за да бидеме успешни и заедно да се радуваме“, изјави Видал на промоцијата.

Чилеанецот во професионалната кариера настапуваше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона, Интер, а последните сезони ги мина во Бразил, каде ги бранеше боите на Фламенго и на Атлетико Паранаенсе.

Се вчитува...