Артуро Видал повторно почна „флерт“ со Интер, јавно нудејќи му се на повторна соработка на Антонио Конте. Чилеанецот не крие дека е несреќен поради малата минутажа што ја добива во Барселона, а од неколкуте заинтересирани клубови очигледно најмногу му се допаѓа идејата за преселба во Интер, каде повторно би играл под водство на Конте.
„Со Антонио Конте работев беспрекорно, овој тренер ме направи еден од најдобрите во светот. Во фудбалот, најважно од се верува во тебе, кога тренерот верува во фудбалерот, тој може да прикажува многу подобри партии. Затоа, јас секогаш со задоволство се присетувам на тоа време на заедничка соработка во Јувентус. Не можам да сум среќен што сега голем дел од времето минувам на клупата, но правам се што можам за да се вратам во стартната постава“ – истакна Видал.
И покрај незадоволството од статусот, Чилеанецот најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезонава, па во летниот преоден рок ќе си замине од Барса. Каталонците имаат дадено зелено светло за заминување само на Иван Ракитиќ, а напуштање и на Видал би го оставило тренерот Валверде без резервни опции во средниот ред во клучниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА