Баерн Минхен доживеа болна елиминација од Лигата на шампионите, откако по продолженија загуби од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-2. Баварскиот тим успеа да стигне до 1-2 во регуларниот дел, но исклучувањето на Артуро Видал во 84.минута беше голем хендикеп, а потоа и Роналдо постигна два гола од сомнителни офсајд ситуации за целосен пресврт.
Чилеанецот Артуро Видал, кој беше исклучен од судијата Виктор Касаи во 84.минута, можеби и престрого, не штедеше зборови за делителот на правдата.
„Тоа беше класична ’кражба’. Ова едноставно не треба да се случува во Лигата на шампионите кога играат два големи тима. На вакви дуели одлучуваат нијанси, а сега тоа го сторија судиите со своите одлуки. Немаше воопшто прекршок при мојот старт. Асенсио беше далеку, а јас ја удрив само топката. Видовте што се случуваше и во продолженијата. Ова дефинитивно не треба да се случува во Лигата на шампионите“, изјави нервозно Артуро Видал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА