Видал жестоко против селекторот: Тој е идиот што гледа на ТВ само аргентинско првенство

Артуро Видал жестоко го нападна чилеанскиот селектор Гарека, откако тој реши да не го повика долгогодишниот капитен во националниот тим за квалификациските средби во септември.

Следеа порази од Аргентина и на домашен терен од Боливија, со што Чиле остана со само пет бода на табелата без никакви шанси за пласман на следниот Мундијал. Видал се врати назад во татковината и е лидер на тимот на Коло Коло, а во последната изјава не штедеше навреди на адреса на селекторот.

„Јас сум фудбалер во најдобрата екипа во Чиле, една од најдобрите 16 во Јужна Америка, нормално дека сум лут што не сум во репрезентацијата. Селекторот Гарека изгледа гледа на ТВ само една лига, и тоа аргентинската иако е селектор на друга земја, не на Аргентина. Тој идиот не ги гледа ниту мечевите од Копа Либертадорес, само оние аргентинските и затоа подолго време играат истите фудбалери, а нема никакви резултати. Голем е бројот на фудбалери на кои треба да им се каже благодарам, доста е, се уништуваат толку многу млади таленти на кои овој селектор никогаш не им дава шанса“, истакна Видал.

Се вчитува...