ВИДЕО: Акција од учебниците – „Романтичарите“ во три потези го решија Тиквеш

Работнички продолжува со одличните игри на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Во 5. коло од шампионатот, „романтичарите“ водат против Тиквеш на националната арена „Тодор Проески“ уште во раната фаза од натпреварот со голот на капитенот Белица во 24. минута.

Мајсторски изведен акција од слободен удар на домашните во три потези. Мазари го изведе слободниот удар, Аломеровиќ одлично асистираше а капитенот Белица од непосредна близина погоди за водство за 1-0…

Се вчитува...