Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски руши рекорди во швајцарскиот шампионат. Во 27. коло од швајцарската Супер лига, Алиоски постигна хет-трик за Лугано за само осум минути, што според статистиката од швајцарските медиуми е најбрз хет-трик во најсилниот шампионат на оваа земја.
По 30 минути игра Лугано води со 3-0 против Сион, а сите три погодоци во период од 17. до 25. минута ги постигна македонскиот репрезентативец.
Најпрво Алиоски погоди во 17. минута од пенал…Egzijan Alioski penalty Goal HD – Lugano 1 – 0… by worldfoot
Потоа стрелаше од игра во 19. минута за водство од 2-0…Egzijan Alioski second Goal HD – Lugano 2 – 0… by worldfoot
И, во 25. минута уште еднаш од белата точка погоди за убедливо водство од 3-0 на Лугано…Egzijan Alioski penalty Goal HD – Lugano 3 – 0… by worldfoot
Со овие три гола, Алиоски во моментов се проби на второто место на листата на најдобрите стрелци во Швајцарија со вкупно 13 постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА