ВИДЕО: Алкалоид е гордост македонска – Славјето во „пеколот“ пред 9.000 среде Атина!

ЕКИПА во Атина,

Стеван Цаневски

Алкалоид на најдобар можен начин го репрезентираше македонскиот ракомет во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Среде Атина, во „пеколот“ пред 9.000 Грци, избраниците на Кире Лазаров на најдобар можен начин одржаа ракометна лекција за АЕК триумфирајќи со 25-29 со што цврсто чекорат кон трофејот во европското ракометно натпреварување.

Ниту фанатичната атмосфера на трибините ниту инцидентите што ги направија грчките навивачи не ги исфрлија од ритам македонските ракометари, кои одиграа меч за паметење и заслужено стигнаа до победата. На крајот сето тоа за заслужено славје… Славје кое очекуваме на најдобар можен начин да биде заокружено со освоен трофеј на реваншот за седум дена. Но, сега во Скопје во нашиот центар „Борис Трајковски“ каде треба да се заокружи алкалоидовиот победнички пат оваа сезона во Европа!

Се вчитува...