ВИДЕО: Алкараз, со неочекувани проблеми, некако до 2. коло во Барселона

Карлос Алкараз и покрај неочекуваните проблеми се пласираше во второто коло на АТП турнирот во Барселона.

Алкараз го совлада Американецот Итан Квин со 2-0 во сетови 6-2, 7-6(6), по нешто помалку од два часа игра.

Шпанецот на тој начин закажа дуел со Ласло Џере, во следното коло на турнирот.

Алкараз се мачеше во дуелот со големиот аутсајдер, во својот прв меч по освојувањето на титулата во Монте Карло. Иако во првиот сет го „прегази“ ривалот, во вториот се намачи, па Американецот на теренот „Рафаел Надал“ поведе со 3-1. И токму кога се чинеше дека Алкараз го скрши својот ривал правејќи брејк за 6-5, Квин веднаш врати и го воведе мечот во тај-брејк. И тука – драма. По дури девет мини-брејкови во 11 поени, Квин стигна до сет поен на сервис. Напаѓаше, но погреши, па Карлитос и на крајот победи во два сета.

Се вчитува...