ВИДЕО: Антиќ со бројни почести дочекан во Атланта – „Ти си доживотен бренд на клубот“

На покана на својот поранешен клуб, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ деновиве е во посета на НБА-лигашот Атланта Хоукс.

Во главниот град на американската сојузна држава Џорџија, предводникот на македонската кошарка, имаше убава можност да се сретне и со дел од соиграчите со кои настапуваше во периодот од 2013 до 2015 година.

Антиќ имаше средба и со еден од најдобрите шутери во најсилната лига на светот, Кајл Корвер, како и Екпе Јудо, кој сега е дел од стручниот тим на Атланта, а заедно со Антиќ беше дел од славниот тим на Фенербахче од Истанбул со кој стигнаа и до титулата на шампион во Евролигата.

Претседателот Антиќ стигна да биде и дел од публиката на натпреварот меѓу екипите на Атланта Хоукс и Мајами Хит, и да му даде поддршка на тимот од Џорџија, за кој сега настапува уште еден негов голем пријател – Богдан Богдановиќ.

Освен тоа беше почестен, со специјално интервју, и да го најави овој натпревар, исклучително важен за Хоукси, ако се знае дека се во борба за местата кои водат во плеј-офот од НБА лигата…

Се вчитува...