Видео: Асистенција на Атанасов на вечното дерби со Динамо Загреб

Јани Атанасов продолжува со одличните настапи во дресот на Хајдук откако младинскиот репрезентативец на Македонија беше асистент за гол и на големото дерби против Динамо Загреб.

Гостите од Сплит први дојдоа во водстов преку Вушковиќ, кој скокна највисоко по прекрасно изведениот корнер на Атанасов и го совлада Ливаковиќ.

Големото хрватско дерби се уште е во тек, а Динамо веднаш се врати и по 20 минути игра веќе води со 2-1 по двата гола што ги постигна Оршиќ.

Се вчитува...