ВИДЕО: Асистенцијата на Чурлинов за триумф на Штутгарт

По четири едноподруго порази Штутгарт триумфираше вчера против Аугусбург со 2-1 во Бундеслигата, благодарение и на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Чурлинов го одигра последниот половина час од средбата, а асистиреша во 74. минута за голот за победа на Саша Калајџиќ.

Штутгарт по 32 одиграни кола е со 42 освоени бодови, на деветтата позиција на табелата во германскиот шампионат.

Се вчитува...