Аталанта, по три едноподруго порази, конечно се врати на победите доаѓајќи до повеќе од значаен триумф во битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Тимот од Бергамо дојде до триумф од 2-0 против Болоња на домашен терен, со што се проби на третата позиција на табелата во Серија А по 32 одиграни кола, и четири бода повеќе токму од Болоња, која е петтопласирана со 57 бода.
Аталанта дојде до брзо водство со голот на Матео Ретеги уште во 3. минута од средбаата.
GOAL: Retegui
Atalanta 1-0 Bolognapic.twitter.com/TSMULAxJxB
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 13, 2025
А, вториот гол беше дело на Марио Пашалиќ во 21.минута од мечот.
GOAL: Mario Pasalic
Atalanta 2-0 Bolognapic.twitter.com/e8IXtYpV9K
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА