Полска Јагелонија загуби со 2-0 во првиот четвртфинален натпревар од Конференциската лига на УЕФА на гостувањето против Бетис во Шпанија.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го одигра целиот натпревар за Јагелонија, и според оценките по мечот, заедно со голманот на полскиот тим, е најдобро оценет играч кај гостите.
Чурлинов во второто полувреме на мечот имаше и атрактивен обид за погодок. Убаво со ножички од околу 12 метри зафати топка по нафрлување од десната страна, но домашниот голман успеа да го одбрани неговиот удар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА