Даниел Аврамовски продолжува квалитетните изданија во Втората лига на Турција, овој пат партиципирајќи со гол во победата од 1-2 на својот Болуспор на гостувањето против Тузласпор.
Аврамовски стрелаше во десеттата минута за 0-1, по мајсторски изведен акција на гостите по прекин.
Тузласпор израмни од пенал во 31. минута преку Мамба, за да Болуспор преку Онур Улас во 89.минута дојде до триумфот од 1-2.
⚽️ 🇹🇷 Goal: Daniel Avramovski
Tuzlaspor 0-1 Boluspor !!
— Recap Football (@recap_football_) February 17, 2024
Аврамовски го одигра целиот натпревар за Болуспор, а во дресот на Тузласпор до 67. минута играше младинскиот репрезентативец Лука Станковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

